За време на конференцијата, која претставува влијателен форум на високи меѓународни претставници, министерката Арсовска – Томовска се сретна и размени искуства од областа на телекомуникациите со свои колеги, а беа презентирани и решенија за имплементација на проектите „Владин облак” и „112″.

Арсовска-Томовска, како што соопшти ресорното Министерство, учествувала и на неколку панел дискусии како што се „Развојни рамки за приспособување на постоечките и идни пазарни промени” и „Мобилниот телефон како основа за дигитален идентитет” на кои меѓу другото се разговарало за поставувањето на нови регулаторни цели со оглед на идните пазарни побарувања, како и предизвиците и можностите поврзани со новата реалност, односно дигиталниот идентитет.

Македонската делегација присуствуваше и на сесијата со основачот и сопственик на социјалната мрежа „Фејсбук” Марк Цукенберг, кој имаше обраќање за иднината на технологијата и плановите поврзани со „Фејсбук”.

На Светскиот мобилен конгрес во Барселона најголемо внимание е посветено на 5Г технологијата и примената на супер брзиот интернет во градовите на иднината. Претставени се и новите достигнувања во областите на вештачката интелегенција и виртуелната реалност, а се смета дека камерите од 360 степени наскоро ќе ја најдат својата примена во секојдневниот живот.