x

Арсеновски четири години во Битола

Репрезентативниот кружен напаѓач, Филип Арсеновски е најново засилување на Е. Пелистер 2 за следната сезона. Ракометарот кој беше дел од младинската селекција на Мундијалот во 2017 година потпиша четиригодишен договор со клубот од Битола.

„Арсеновски има 21 година, веќе собра драгоцено искуство од настапите во Металург и ќе биде од голема помош во ростерот на Еурофарм Пелистер 2“, велат од таборот на битолчани. 

Никола Стоилевски од Металург 2 исто така е ново име во ростерот на вториот тим на клубот од Битола, а нови договори потпишаа Стефан Дрогришки, Стефан Талевски и капитенот Васко Димитровски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата