x

Арсенал тоне со максимална брзина, Лестер се нареди зад лидерите во Премиер лигата (ВИДЕО)

arsenal-burnley

И петти меч едноподруго Арсенал не знае за победа во Премиер лигата. Напротив, денеска место очекувани три бода против аутсајдерот Барнли, „топчиите“ дозволија да бидат поразени со 1:0 и со тоа само да ја продлабочат кризата во клубот, која не се памети со децении. Единствениот гол на мечот беше дело на Браунхил во 73. минута, откако претходно поради несфатливо однесување, Гранит Џака доби црвен картон и ги остави домашните со играч помалку на теренот.

 

Фудбалерите на Лестер, пак, ја продолжија одличната сезона, овој пат со убедлива победа на домашен терен против екипата на Брајтон. Мечот практично беше решен уште во првите 45 минути, кога домашните ја направија предноста од три гола. Медисон двапати и еднаш Варди беа стрелци за домашните, кои денеска ја обезбедија осмата сезонска победа и дојдоа на само бод зад лидерите Тотенхем и Ливерпул.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата