x

Арсенал сака да го купи Барди за 11 милиони фунти, но…ќе мора многу повеќе да плати!

Скаути на Арсенал и синоќа го следеле настапот на Македонецот Енис Барди, кој просто блескаше во дресот на Леванте на мечот со Селта во кој постигна два гола. Сега Барди е рекордерот на Леванте, тој е најдобриот стрелец – странец во клубот во историјата на клубот.

Веднаш по мечот дел од медиумите во Лондон пишуваа дека Арсенал сака да го “зграпчи“ Барди, но и дека цената од 11 милиони фунти која била понудена била премногу ниска, па така им советуваат на “топџиите“ дека ќе мора многу, многу повеќе да брцнат во својата каса ако сакаат да го добија феноменалниот Енис, барем двојно повеќе.

Инаку јасно е дека Леванте нема да сака да чуе да го продаде својот “бисер“ за помалку од 20-25 милони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата