x

Арсенал му нанесе нов „удар“ на Јунајтед, прва победа на Артета

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, дојде до првата победа на клупата на „топџиите“ и тоа против Манчестер Јунајтед. Арсенал триумфираше со 2:0 со головите на Пепе и Сократис уште во првиот дел. Манчестер Јунајтед не одигра добро, и заслужено се поразени во првиот меч годинава.

Арсенал до крајот на мечот имаше уште шанси, еднаш ја погодија и стативата од голот на Де Геа.

Манчестер Јунајтед и натаму е во проблеми и игра „топло-ладно“, а Арсенал се надева дека ќе почне една долга серија со која ќе се искачи во горниот дел на табелата и ќе се бори за место во ЛШ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата