x

Арсенал го продава Обамејанг за 60 милиони евра!

Арсенал откако ќе заврши кризата со Ковид-19, има намера да направи големи промени во својот играчки кадар. Па така, како што јавува „Дејли експрес“, раководството на „топџиите“ има намера да го продаде својот капитен и најдобар играч Пјер – Емерик Обамејанг.

На Габонецот договорот му истекува идното лето, и затоа најдобро е сега да се продаде. Од „Емирејтс“ посочиле дека цената за Обамејанг е 60 милиони евра, а имало и повеќе заинтересирани клубови.

Пред се тука се Манчестер Јунајтед и Челзи, но секако дека со скрстени раце не седи ни Антонио Конте, односно Интер. Италијанците во случај Лаутаро Мартинез да си замине во Барселона, токму во Обамејанг гледаат идеален партнер во нападот на Ромелу Лукаку. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата