x

Арсенал во еден ден откупи договори на двајца фудбалери

mari-i-soares

Арсенал денеска објави дека постигнал договор за комплетен откуп на договорите на двајца фудбалери кои половина од минатата сезона ја минаа во нивните редови.

Станува збор за бразилскиот стопер Пабло Мари и десниот бек од Португалија Седрик Соарес.

Договорот на Пабло Мари е откупен од Фламенго, кому Арсенал му плати 8 милиони евра. Седрик Соарес играше како позајмен од Саутемптон, а Арсенал нема да мора да плати обештетување бидејќи неговиот договор со неговиот сега веќе поранешен клуб истече.

Мари го пропушти најголемиот дел од сезоната поради повреда, додека Соарес имаше пет настапи во Премиер лигата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата