Познатиот моден дизајнер Џорџо Армани реши да ѝ помогне дополнително на Италија во борбата против коронавирусот. Тој донесе одлука сите фабрики на неговата компанија „Армани“ да произведуваат медицинска опрема што ќе ја користат тамошните здравствени работници.

Италија, која е една од најзагрозените земји од Ковид-19, има големи проблеми со преоптоварениот здравствен систем, така што оваа помош на Армани сигурно ќе помогне.

Џорџо неодамна донира 1,4 милион долари, или 1,26 милион евра на Италија во борбата против коронавирусот, но тој не запира.

Армани даде дополнителни 2 милиона евра за болниците во Италија за надминување на кризата, според новинската агенција „Ројтерс“, пренесува „Њујорк тајмс“.

Инаку, целиот конзорциум на текстилни и модни компании, предводен од асоцијација „Конфиндустрија мода“, набргу ќе почне со производство на заштитни маски, и тоа речиси еден милион заштитни маски. Ако не и повеќе.

извор: Makfax