Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчале 19 февруари, пред 24 години. Церемонијата ја следеле 150 акредитирани медиуми, а прогласена е за свадба на деценијата. Меѓутоа некои детели од ова венчање малку кој ги знае.

Жељко бил војник познат по вешто ракување со оружје, но не успеал да ја погоди јаболката пред куќата на Цеца од прв обид. Ја погодил после шесто пукање.

Меѓутоа она што е интересно, било обичај да се купува невестата. Пред вратата на Цеца стоела нејзината сестра Лидија, која знаеле колку нејзината сестра вреди и не сакала да попушти.

Аркан прво дал неколку снопчиња германски марки, а кога Лидија рекла дека тоа не е доволно, Ражнатовиќ повикал еден дечко кој пред него ја отворил актовката во која биле брдо пари и скапоцена нараквица од дијаманти. На Лидија и тоа не и било доволно, па младоженецот го симнал златниот часовник и вреден прстен, а тоа го сториле и неговите пријатели.

Лидија на крај попуштила, Аркан ја отворил вратата а невестата во собата го пречекала во народна носија.