Аргентинскиот претседател Маурисио Макри побара Конгресот на оваа јужноамериканска држава да донесе закон по итна постапка во обид да се намали хулиганството во спортот откако во текот на викендот вториот меч од финалето на Копа Либертадорес помеѓу Бока јуниорс и Ривер Плата беше откажано по нападот на автобусот на фудбалерите на Бока.

Мари сака со законот да има построги казни за предизвикувачите на насилство, како тие во саботата, што беше голем срам за државата пред одржувањето на состанокот на Г20 групата на најразвиени земји на светот во петок.

Видливо лут, Макри преку телевизијата ги нападна организациите на фудбалски навивачи, нарекувајќи ги дилери на дроги и изнудувачи.

„Ја отфрламе мафијата која стои зад овакво насилство. Се надевам дека по оваа срамота, можеме да донесеме итен закон пред Конгресот“, изјави Макри.

Претседателот посебно беше лут на фактот што 23 хулигани кои беа уапсени за тепачката во сабота веќе се на слобода.

„Тие се слободни! Тоа не го разбирам. Мислам дека никој Аргентинец не го разбира тоа. Не го сфаќам правосудниот систем“, додаде Макри.

Нема Суперкласико! ЦОНМЕБОЛ потврди: Ривер-Бока одложена на неопределено време

извор: Makfax