x

Аргентина во солзи: Почина иконата на Бока Јуниорс!

 

На 79 години почина Силвио Марцолини, легендата на Бока Јуниорс, еден од најпознатите фудбалери во Аргентина, тренер на славниот Марадона и фудбалски револуционер. Целата своја играчка кариера ја мина во Бока, имаше понуди од сите големи европски клубови, но Марцолини остана во својата Бока. Играше за Аргентина на СП во Англија 1966, беше во најдобриот тим на првенството пред еден Факети.

Беше тренер, покрај други клубови и на Бока. Заедно со Марадона ја освои титиулата во 1981 година. Велат дека токму Марцолини е првиот тренер кој бековите ги натерал да шпартаат и напред, да учествуваат во нападот, а не само да ја чуваат својата половина.

Иако беше икона на Бока, беше почитуван и од лутиот ривал Ривер Плата, токму затоа цела фудбалска Аргентина тагува по Марцолини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата