x

Арбитража ја потврди одлуката: Трабзонспор нема право на настап во ЛШ

trabzon2

Турски Трабзонспор не успеа да го избегне исклучувањето од Лига на шампионите.Спортскиот арбитражен суд ја потврди пресудата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), која го исклучи турскиот клуб од европските купови за една година.

Со тоа, клубот дефинитивно го загуби долгоочекуваното место во Лигата на шампионите. Клубот беше казнет од УЕФА за непочитување на правилата на финансискиот фер-плеј. Турците поднесоа жалба до Арбитражниот суд во Лоазна, но жалбата им беше одбиена.

Трабзонспор не го почитуваше постигнатиот договор во 2016 година кој предвидува враќање на финансискиот биланс во 2019 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата