x

Арбен Тафа си замина од Беласица

tafa-belasica

Иако беше доведен како засилување за прволигашката сезона, Арбен Тафа од денеска повеќе не е член на струмичка Беласица. Фудбалерот си замина од струмичкиот прволигаш.

„Поради лични причини заминувам од Беласица. Ќе ги разгледам опциите што ми се на располагање и ќе одлучам што понатаму“, изјави Тафа.

Од Беласица, пак, денеска објавија дека досегашниот фудбалер на Академија Пандев, Филип Михаилов, доаѓа кај нив на позајмица за преостанатиот дел од сезоната.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата