Тројца членови на организирана криминална група биле уапсени во Нови Сад и Врање при обид за купопродажба на 6,5 килограми хероин од Северна Македонија, објави „Танјуг“.

Од српското обвинителство за гонење на организиран криминал за „Танјуг“ рекле дека во тек е акција на апсења на други членови на групата во Северна Македонија.

Двајца од уапсените во Србија се осомничени дека на 17 декември продале 9,5 илограми хероин, а денес при апсењето се обиделе да продадат 6,5 килограми хероин за 100.000 евра на третото лице кое е уапсено.

Дрогата била најдена во резервна автомобилска гума.

Хероинот во Србија бил внесен од Северна Македонија преку Прешево, а требало да биде проследена кон државите на ЕУ.

извор: Makfax