Податоците во базата „Отворени финансии“ покажуваат дека СЈО само во 2019 година потрошиле фантастични 816.996 денари или 13.300 евра кај фирмата Чезакомерц.

Последната исплата е на 29 август 2019, цели 45 дена откако Катица Јанева соопшти дека си поднесува оставка од функцијата специјален јавен обвинител.

Нема информација дали налогот го потпишала пред оставката. 

Да појасниме, Чезакомерц е фирма која продава апетисани, тоа се јаткасти плодови, сушени овошја, семиња, зачини. Но фирмата која ги снабдувала се занимава и со продажба на масти, масла, ароми како и суровини за кондиторска, пекарска индустрија, индустрија за пиво и сокови, месната индустрија.

Засега нема информација дали се набавувани само лешници, бадеми, ореви, семки и сончогед за грицкање, или и пиво.