Апетисани
Се сервираат пред главното јадење. Главно се готват позачинети и посолени затоа што треба да го зголемат апетитот. Рецептите варираат од земја во земја, а мезето, како што најчесто се нарекуваат апетисаните, се служи со узо, вино или сличен алкохолен пијалак. Се јаде полека и во комбинација со алхохол со цел да се создаде пријатна атмосфера.
Печени домати и фета
Потребно:
1 лажица сечкан лук
2/3 чаши маслиново масло
900 грама домати (мали црвени)
1 векна леб затоплена (може и француски)
2 700 г меко фета сирење
2/3 свеж босилек (исечкан)
Подготовка: Оставете го лукот во маслото да стои најмалку половина час. Загрејте ја рерната на околу 200 степени Целзиусови. Доматите измијте ги и исчистете ги, па исечете ги на половина. Во меѓувреме лебот ставете го во рерната. Доматите ставете ги во плиток сад за готвење, одозгора додајте им го маслиновото масло и лукот, па гответе на тивок оган. Печете 10 минути, одозгора распоредете дебели парчиња сирење и искинат босилек. Нежно протресете. Послужете со леб за да се зачуваат соковите. Варени јајца со прелив
(Вака подготвените јајца одлично одат со узо.)
Потребно:
6 варени јајца
сок од 2 лимона
1/2 чаша масло
1/4 чаша сенф
сол
пипер
Подготовка: Измешајте ги маслото, лимоновиот сок и сенфот во сад. Оставете ги јајцата да се изладат по варењето, па исечете ги секое на по четири парчиња. Јајцата потоа ставете ги на чинија за сервирање. Насолете и запиперете, па прелијте ги со подготвениот прелив од масло, лимонов сок и сенф. Полнети јајца
Потребно:
6 тврдо варени јајца
1/3 чаша благ сос од домати
3 супени лажици немасна кисела павлака
3 супени лажици сечкан млад лук
1 супена лажица сечкани маслинки
1 супена лажица сок од лимон
По желба може да се користи млад кромид, црвена пиперка, магдонос.
Подготовка: Јајцата исечете ги на половина, па извадете ги жолчките, што потоа ќе ги изгмечите во сад со виљушка. Потоа вмешајте ги сите потребни состојки и се убаво измешајте. Со така подготвената смеса наполнете ги белките, користејќи голема лажица. Изладете за да ги омекнете вкусовите. Гарнирајте со младото, зелено кромитче, тркалца црвена пиперка, магдонос.
Краставица со јогурт и зачински тревки
Потребно:
3-4 краставици
10-12 свежи ливчиња нане
5-6 ливчиња жалфија (свежа или сушена)
225 мл јогурт
сок од половина лимон
1 китка магдонос
Подготовка: Измијте и излупете ги краставиците, па потоа исечете ги на парчиња. Останатите состојки измешајте ги со миксер. Јогурт – сосот прелијте го врз краставиците. Послужете ладно.