Лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за К5 ТВ вели дека во Македонија има хиперинфлација на правни норми, односно закони.

– Тацит од Римјаните велел, не знаеш во една држава дали има корупција – преброј ги законите. И велел дека има едно златно правило, а тоа е- колку повеќе закони, толку повеќе корупција. И толку е. Златно правило да утврдиш дали има корупција. Толку. Кај нас има хиперинфлација на правни норми. Јас како доктор на правни науки, некогаш ми е тешко да сврзам член со член, да му го најдам крајот.

Аки-то кое ние сега треба буквално, (овие 35 поглавја од ЕУ) АКИ комуните кои треба буквално малтене да ги препишеме, има 80.000 страници текст. Еве колку за споредба, Библијата е 1000 страни. Знаете колку е тоа материјал, тоа е неверојатна правна хиперинфлација на материјал кој е невозможно било кој правен систем во светот да ја апсорбира.

ЕУ продуцира 26.000 акти годишно. Римјаните, за 500 години имале само 800 закони. Тоа е невозвожна правна инфлација. Ние сме за дерегулација, законите треба да бидат правични. Не може еден закон да е толку голем и обемен. 400 страни закон. Закон треба да е 30-50 члена. Освен системските закони, се друго треба да биде уредба, правилник, упатство, посочи Апасиев за К5.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, во интервјуто за К5 ТВ објасни дека за да се стигне до непартизирано судство, потребно е да се укине трајниот мандат на судиите.

– Непартизирано судство и обвиноителство не можеме да добиеме без Уставни измени, за жал. Прво што треба да се направи е да се укине трајниот мандат на судиите и да се врати по примерот на Југославија – 9 годишен мандат на судиите, без право на реизбор. Римјаните биле многу умен народ, во времето на најголемата ескпанзија од денешна Ирска до Персиски залив, значи поголема империја од денешна ЕУ, имале златно правило: НЕ БИРАЈ ПОВТОРНО НА ИСТА ФУНКЦИЈА. Немај право на резибор за да функционира системот.

Објаснувајќи дека нема логика со траен мандат судиите и обвинителите да бидат отпорни на криминал и корупција, Апасиев посочи дека реалноста покажува дека тој систем не функционира.

– Тоа беше логиката на Фркоски која не функционира. Римјаните убаво правеле: “Не му давај право на резибор. Ама го бивало. ОК, го бива, стави го на друга функција.“ Така функционирале Римјаните и затоа имале држава која траела 10 века, односно еден милениум. Така што ние треба да учиме од големите цивилизации чии држави сме биле, ние сме биле дел од Римската, Византиската, Отоманската империја..

Антикорупциските мерки не се топла вода, и треба политичка воља да се спроведат. Виден амбасадор, нема да го именувам, кога ја видел и ја прочитал нашата антикорупциска програма, која е на три страни со ударни мерки, рекол: Ова е европска програма, посочи Апасиев за К5.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, во интервјуто за К5 ТВ посочи дека извршителскиот систем не функционира, и бидејќи Македонија има вишок судии (споредено со европскиот просек), извршувањето треба да се врати во судовите, системот треба да гарантира, државата треба да гарантира дека кога некој некому должи да гарантира дека ќе му плати.

– Баш го погоди терминот ефикасен. Знаеш дека и овој систем е неефикасен? Збориме за квантитет на наплата. Знаеш дека 40% е квантитет на наплата сега во моментов со овие извршители ѕверови што ги имаме? Значи, системот е нефункционален. По европски просек на два милиони жители нас ни требаат 400 судии, а ние во моментов имаме 600 судии и ние викаме наместо да ги бркаме на тие судии ќе им дадеме судии извршители, нема да им намалуваме плати, со тие плати ќе судат само извршни предмети. И прво ќе станат два пати побројни од извршителите и ќе станат два пати поефикасни од извршителите.

Апасиев објасни дека претходно, во времето на транзицијата извршувањето ги затрупало судовите, бидејќи луѓто немале плата ниту какви било приходи да си ги платат сметките.

– Тогаш беа многу транзициски времиња. Знаете од што беше најмногу затрупан? Од неплатени сметки. Сите тие предмети беа од неплатени сметки. Луѓето немаа пари да плаѓаат сметки едноставно и толку се затрупа системот, ама не е ова решение на системот. Решение на системот е да воведеш систем кој ќе ти гарантира дека како доверител ќе си наплатиш побарување ама нема да го оставиш да умре тој од кој што ќе му наплатиш. Е нашиот систем сега е нај свиреп во Европа и те остава да умреш, буквално.

Ние го имаме тоа што ни Римјаните го немале и се вика анатоцизам во правото, и е камата на камата на камата. И ти сега за илјада денари да треба да платиш 21 илјади денари или 36 илјади денари и тоа најчесто се пензионери и невработени, посочи Апасиев.