Димитар Апасиев од Левица во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за Преспанскиот Договор каде истакна дека во овој момент македонското политичко милје нема сила да го пoништи овој Договор.

– Преспанскиот Договор е швeрцерски договор, нема потпис од претседателот кој е по Устав титулар да го овласти и да го потпише и во моментот македонското политичко милје не може да го пoништи овој договор, рече тој.

Инаку Апасиев и Левица се познати по својот став дека се залагаат за поништување на Преспанскиот Договор и бришење на називот „северна“ од Уставот на Република Македонија.