x

АО: Федерер против Сандгрен, Ѓоковиќ со Раониќ во четвртфиналето

Роџер Федерер ќе го гледаме во четвртфиналето на Австралија опен откако со пресврт го совлада Унгарецот Мартон Фучович. Федерер го изгуби првиот сет со 4:6, но убедливо ги доби наредните три 6:1, 6:2 и 6:2 и се пласира меѓу најдобрите осум на турнирот. Да потсетиме вчера „Федекс“ во спектакуларен меч полн со набој и тензија успеа да го елиминира Џон Милман со 4:6, 7:6(2), 6:4, 4:6, 7:6(8).

Во четвртфиналето Федерер ќе се соочи со Американецот Тени Сандгрен.

Новак Ѓоковиќ ќе игра со канадскиот тенисер Милош Раониќ во четвртфиналето на Австралија опен. Раониќ го совлада Марин Чилиќ со 6:4, 6:3, 7:5 додека Ноле беше подобар од Шварцман со 6:3, 6:4, 6:4.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата