x

АО: Барти и Квитова си закажаа дуел во четвртфиналето

Првата тенисерка на светот Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Австралија опен со победата над Американката Алисон Риск со 6:3, 1:6, 6:4. Австралијанката, според очекувањата, лесно го доби првиот сет, а потоа следуваше неочекуван пад во вториот. Во третиот сет, Риск се врати и изедначи на 4:4, но Бартин се врати во мечот и победи.

Во четвртфиналето Барти ќе се соочи со Петра Квитова која претходно ја елиминира Марија Сакари.

Познато е уште едно четвртфинале, а во него ќе се соочат Кенин и Жабер. Кенин ја елиминира сонародничката Гауф, додека Тунижанката Жабер ја победи Кинеската Ванг.

Утре се бидат комплетирани другите две четвртфинални парови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата