Маж кој се претставил како федерален агент за да Ј се приближи на Анџелина Џоли и Бред Пит е уапсен и ќе биде осуден на минимум три години затвор. Иако се уште не се знае зошто Нелсон Меркада од Лос Анџелес сакал да Ј се доближи на најпознатата двојка на светот, очевидците велат дека бил опседнат со Анџелина.
– Како сериозно злосторство се смета доколку некој лажно се претстави како федерален агент и ќе добие максимална казна – вели помошникот на главниот шеф на ФБИ.