Некогаш најубавата двојка во Холивуд, Анџелина Џоли и Бред Пит, иако веќе не се заедно,  и натаму заедно се грижат за своите деца.

Нивните две ќерки Захара и Шило имаа операции оваа година, откри Анџелина во својот есеј за „Тајм“ и потврди дека сега се чувствуваат добро. На 13-годишната Шило ѝ бил опериран колкот, а за 15-годишната Захара сè уште не се знае за каква операција се работи.

Близок пријател на некогашната двојка за „Е! Њуз“ потврди дека Бред и Анџелина биле многу ангажирани околу девојчињата додека биле во болница. Покрај тоа, Бред го откажал присуството на доделувањето на БАФТА наградите за да биде со нив.

Според изворот, некои од браќата и сестрите секојдневно доаѓале и ги грижеле за нив.

„Тие беа трпеливи и спремни да помогнат. Донесоа карти и играа. Тоа навистина покажува дека тие се многу блиско семејство. Анџелина беше особено фокусирана на тоа Захара и Шилох да заздрават што е можно побрзо”, изјавил нивен пријател.

извор: Makfax