Жените во Авганистан се изборија за некои од своите права, но тие права сега се загрозени со преговорите меѓу американската влада и талибанците, пренесува Си-ен-ен.

Позната како голема хуманитарка и борец за правата на жените, актерката Анџелина Џоли (44) се обрати пред јавноста по повод Светскиот ден на жената и го изрази своето мислење за тоа.

„За време на Светскиот ден на жената, моите мисли беа со жените од Авганистан, чии тешко освоени права и слободи сега висат во воздух. Пред само неколку дена беше потпишан договор меѓу владата на САД и талибанците и тој беше усвоен без вклучување на жените, никаде не се споменуваат правата на жените според авганистанскиот устав и не содржеше никакви обврски за заштита на тие права во внатрешноста на земјата“.

„Се надевам дека сите што се сметаат себеси за дел од светското движење за правата на жените, ќе ја покажат својата солидарност, но и поддршка на жените во Авганистан, како и на жените од сите други земји, каде што таквите права недостигаат или се загрозени и дека нивниот глас ќе се слушне. Безброј жени во Авганистан ризикуваа и ги загубија своите животи за да добијат поголема слобода од својата сонародничка и жена. Тие не смеат да бидат заборавени или оставени сами во овој клучен период во историјата на нивната земја“, рече Џоли.

извор: Makfax