Сексапилната холивудска актерка Анџелина Џоли не успеа да ги одбегне блицевите на британските папараци кога во Лондон била забележана во друштво на поранешниот сопруг Џони Ли Милер. Фоторепортерите ја уловија Анџелина како во мини здолниште влегува со Милер на вечера во познатиот лондонски клуб The Ivy. Таа, според проценките на новинарите, со својот прв сопруг најверојатно разговарала со намера, таа со својот посвоен син да се пресели во Лондон, каде како што се наведува “да може да ужива со својот нов љубовник Бред Пит”. Анџелина со Џони се запознала пред десет години на снимањето на филмот “Хакери”. Биле во брак некое време, ама после разводот останале добри пријатели и често се гледаат кога Анџелина е во посета на Англија.