Многу вознемирена Анџелина Џоли и испратила СМС-порака на Џенифер Анистон со предупредување да престане по медиумите да раскажува приказни за животот додека била во брак со Бред Пит. Се чини дека Анџелина Џоли повеќе и не е толку сигурна во љубовта на својот драг Бред. Таа вознемирена и се заканила на Џенифер.

Пораката на Анџелина се однесувала најмногу на последното интервју на Џенифер во кое изјавила дека секогаш ќе го сака Бред, па веројатно заради тоа повторно ја раскинала и врската со Џон Маер. Блиски на Анџелина велат дека и се слошило од силните изјави на Џенифер за Бред кои многу често се провлекуваат по медиумите. Во пораката, пак, Анџелина ја прашала Џенифер како би се чувствувала кога таа во медиумите би пласирала валкани работи од бракот Пит – Анистон.

Наводно, Анџелина од Бред дознала разно-разни, но не баш убави тајни врзани за Џенифер.