x

Анчелоти со деби-победа, Артета тргна со бод, „шок“ за Челзи од Саутемптон

Евертон минимално со 1:0 го совлада составот на Барнли на дебито на Карло Анчелоти за тимот од Ливерпул. Победата ја донесе голот на Калверт-Левин во 80. минута од средбата.

Затоа, пак, Арсенал со новиот тренер не најде победничка формула. Најпрво губеше од Бурнмут со 1:0, но Обамејанг донесе израмнување. Имаше убава шанса Лаказет за пресврт, меѓутоа не успеа да реализира.

Челзи на домашен терен беше шокиран од Саутемптон, и загуби со 0:2. Обафеми во првиот дел, и Редмонд во вториот дел гонесоа изненадување на „Стемфорд Бриџ“.

Астон Вила со 1:0 го совлада составот на Норич со гол во вториот дел, а Кристал Палас со 2:1 беше подобар од Вест Хем кој прокоцка водство, а Палас во последната минута стигна до триумфот.

Изненадувањето во досегашниот тек од сезоната Шефилд Јунајтед, на домашен терен одигра 1:1 со Ватфорд, еден од тимовите кои ќе се борат за опстанок сезонава.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата