x

Анчелоти носи ѕвезда на Реал Мадрид

Карлос Анчелоти по хаосот во Наполи брзо најде нов ангажман, тимот на Евертон. По неговото доаѓање премисер-лигашот запиша две победи во низа, па фановите конечно се задоволни од својот тим.

Евертон во јануари најавува нови засилувања, а според тамошните медиуми прва желба на Анчелоти е Хамес Родригез. Фудбалерот на Колумбија не се наигра во Реал Мадрид.

Родригез кој не е во добри односи со Зинедин Зидан, почна четири меча во Ла Лига. За него Евертон е подготвен да понуди 45 милиони евра, што е добра сума ако се земе во предвид дека тој не е во плановите на францускиот стручњак.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата