ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира предлог-Законот за надворешни работи кој предвидува амбасадорите да имаат двојно државјанство. Како што соопшти пратеникот Антонијо Милошоскки за таа цел со неговите колеги пратеници ќе поднесат 300 амандмани бидејќи погрешно е амбасадор на Македонија да има и друго државјанство покрај Македонско.  

Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции.

Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор  да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор.

 Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник, напиша Милошоски на Фејсбук

Премиерот Заев вчера за време на посетата во Битола запрашан дали би поддржал законско решение со кое би се регулирала обврска македонските јавни функционери и политичари задолжително и транспарентно да декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство.

Не можам да кажам дали ќе поддржам или не, рече Заев и додаде дека дека Уставот дозволува бипатритност и дека во Парламентот веќе имало закон кој дозволува дипломатот да има двојно државјанство.

? Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Зак.надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и…

Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, December 19, 2020