Иако хрватската пејачка Антонија Шола неодамна открила дека е вљубена, таа не сакала да го открие името на својот избраник. Сепак откако на еден концерт се појавила со хрватскиот бизнисмен Славко Шаиновиќ од Ријека, кој пред неколку години се забавуваше со нејзината постара колешка, Северина Вучковиќ (43), било јасно на кого пејачката му го подарила своето срце.

Славко две години беше во врска со Северина, па поранешната двојка дури почна да гради и заедничка куќа. Но, Северина во меѓувреме го запозна српскиот милионер Милан Поповиќ и ја раскина свршувачката со Славко.

Антонија за хрватските медиуми ја потврдила врската со Славко, не криејќи колку е среќна со него.

Се движевме во исто друштво, а од ова лето сме во врска. Убаво ни е, уживаме во љубовта, а деталите ги чуваме за себе – изјавила Шола за хрватски „Индекс”.

Антонија живее во Загреб, а Славко во Ријека но тоа не им претставува никаков проблем за нивната врска.

Инаку Антонија пред 4 години беше во врска со постариот син на македонскиот пратеник Нано Ружин, Александар Ружин со кој беа и свршени.