Според најавите, последиците од ембаргото ќе бидат јасно видливи во следната година, кога се претпоставува дека ќе дојде до продолжување на порастот на инфлацијата, реален раст на цените и континуиран одлив на странскиот капитал, јави дописникот на МИА од Прага.

– Највпечатливи манифестации на моменталната состојба е падот на рубљата, ограничениот пристап до финансиските пазари и одливот на капиталот. Заедно со намалувањето на цените на нафтата доаѓа до синергетски ефект, кој во голема мера ја оштетува руската економија, се вели во Извештајот.

Поради забраната за пристап на западните финансиски пазари, според Документот, исто така се намалуваат и заостануваат и стратешките инвестициски проекти во Русија.

Долготрајното настојување на санкциите при актуелната ниска цена на нафтата, според Извештајот ќе создаде „внатреполитички проблеми”. Ќе бидат отворени прашањата дали да се поддржуваат државните фирми или дали ќе биде потребно да се спроведат внатрешни реформи и проширување на економијата.

Според чешката дипломатија, анти-руските санкции ќе имаат силно влијание на геополитичката рамнотежа. Многу земји ги преиспитуваат нивните досегашни политички и економски врски со Русија и придонесуваат за промени во меѓународните политички и економски нивоа. Државите почнаа да ги зајакнуваат односите со Кина, Турција или Иран.

Актуелните проблеми на руската економија, според анализите, не се предизвикани исклучиво со западните санкции, туку голема улога во тоа имаат долготрајните структурни проблеми на руската економија предизвикани од силното фокусирање на експлоатација и извоз на минерали, или загубата на довербата во руските партнери.