Турските медиуми денеска го опишаа Антиќ како „силен кандидат за место во тимот на „Фенер”, за вечерва специјализираните портали „Еурохупс” и „Спортандо” да потврдат од сопствени извори дека скоро сите детали се средени и се очекува само официјално потпишување на договорот.

Тој за соиграч во Фенербахче ќе го има грчкиот репрезентативец Костас Слукас, кој денеска потпиша договор со турскиот тим, откако претходно заедно со Антиќ го носеше дресот на Фенербахче.

Ако се реализира овој трансфер како што најавуваат турските медиуми за Антиќ тоа ќе биде прва авантура во Турција. Претходно, 32-годишниот кошаркар го носеше дресот на Работнички (Македонија), АЕК (Грција), Ц.Звезда (Србија), Локомотив Кубан (Русија), Лукоил Академик (Бугарија), Санкт Петербург (Русија) и Олимпијакос (Грција).