Завчеравечер, во салата на Градскиот парк, почнаа подготовките на кошаркарската репрезентација на Македонија за квалификациските дуели за ЕП – дивизија “Б”, група “Д” против Луксембург (11), Грузија (15) и Финска (18 септември). Не излегоа од рамките на кли- шираноста, селекторот Јорданчо Давитков ја изврши прозивка на која се јавија кошаркарите Гечевски, Р. Стефанов, Чековски, Симиќ, Самарџиев, Ѓуров, Тасовски, Блажевски и Димитровски (В. Стефанов и Куртовиќ доаѓаат на 7 септември, додека пристигнувањето на другите “странци” ќе биде дополнително познато, н.з.), а по одработената минутажа сите заминаа дома, Гечевски дури во Кавадарци, поради необезбеден хотел во Скопје. Вечерва репрезентативците ќе имаат контролка против Ф. Работнич ки, во вторник или среда уште една против Здравје Лесковац, а до заминувањето за Луксембург ќе тренираат двапати дневно. Во ме- ѓувреме, Давитков “универзале” , растргнат на сите страни почна да ги решава и работите што не се во негова надлеж- ност. Добрите и лоши вести брзо го менуваа неговото расположение: Прва вест – добра вест: Во салата на Градскиот парк, на стартот од подготовките, беше присутен човекот од кошарката Илија Мерџановски. Сепак, некој се интересира за овој спорт, бидејќи веќе подолг период оние од федерацијата ги нема никаде, не знаат дека репрезентацијата постои, уште помалку дека тренира за значајни настапи на ме- ѓународна сцена. Затоа се случи секој да тренира во своја опрема. Втора вест – добра вест: Душан Боцевски, член на Унион Олимпија од Љубљана прифати да игра за репрезентацијата. Трета вест – лоша вест: Перо Антиќ , член на грчката екипа АЕК , преку помошникот на селекторот Јорданчо Давитков, Александар Тодоров порача дека не сака да игра за репрезентацијата и повеќе да не му се јавуваат телефонски. Маската падна, значи не била во прашање силната турнеја по Италија и Шпанија и немож носта благовремено да се дојде во Скопје. Четврта вест – лоша вест: “Ја сакам репрезентацијата, но повеќе мислам на својата кариера. Во Барселона никој не ми гарантира дека ако дојдам во Скопје на тренинзи ќе останам во тимот”, вели Владо Илиевски, образложувајќи ги причините за недоаѓањето. Неговиот тренер во шпанскиот гигант Светислав Пешиќ, кој конечно одговори на телефонскиот повик, зборува поинаку. Почнаа и допишувањата на релација Скопје – Барселона. Петта вест – лоша вест: Новиот Македонец Кенајн Џонс е пронајден во Грција, но со неговите 200 кг, те- шко, дека ќе може да трча .