x

Антиќ и Мекејлеб во “Дрим тимот” на Европа

ФИБА Европа го објави идеалниот тим за периодот од 2010 до 2020 година, а фановите сместија двајца некогашни македонски репрезентативци.

Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб се најдоа во “Дрим тимот” на Европа.

Двајцата беа дел од генерацијата која под водство на Марин Докузовски го освои историското четврто место на Европското првенство во Литванија 2011 година.

Другите во „Дрим тимот“ на Евробаскетот се Исланѓанецот Јон Калма Стефансон, Унгарецот Адам Ханга и босанскиот кошаркар Мирза Телетовиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата