– Антистрес корона!!! Ристо со вокална подршка од Перо-Камиказа!!! Можете и вие да се доснимите и пеете!!!Ајде, Дирлада за седенка!!!!, стои во објавата под видеото во кое Перо Камиказа и Ристо Самарџиев ја пеат „Дирлада“. Дали видеото е некаква најава за пеење во живо засега не е познато, но со оглед на она што го кажува Перо на крајот од снимката може и нешто да се спрема.

– Кога ќе завршиве ова коронава има да направиме една голема журка, вели Перо, а нам ни останува да се стрпиме, па да видиме.