Врз база на добиени сознанија од медиумите за значителен прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба, Државната комисија за спречување на корупција одлучи да преземе конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош.

Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека оформи предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.

извор: Makfax