x

Анри: Чистам по дома и тоа на секои две минути

Легендарниот фудбалер, Тиери Анри откри како ги минува деновите во карантин. Французинот во моментов е тренер на Монтреал, па пандемијата ја минува во Канада, одвоен од семејството, пријателите, соработниците.

Иако е далеку од нив сепак успева да ја одржува формата, вежба дома, но најчесто чисти.

„Вежбам, готвам, малку се опуштам, па пак вежбам. Понекогаш гледам натпревари кои ги имам пропуштено. Се случува и доцна навечер да готвам.

Единствена промена е постојаното чистење на куќата, тоа го правам на секои две минути. Во други времиња не бев дома немав време за сето ова. Но, сега е поинаку“, вели Анри.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата