x

Анри клечеше на колено 8 минути и 46 секунди испраќајќи моќна порака (видео)

Моќна порака испрати тренерот на Монтреал Импакт Тиери Анри на натпреварот со Њу Ингланд Револушн. Поранешниот француски фудбалер и легенда на Арсенал клечеше на колено точно 8 минути и 46 секунди носејќи маица „Black Lives Matter“ кревајќи го својот глас против расната нееднаквост  и расизамот кој е присутен на секој дел од планетата. Камерите беа постојано вперени кон големата ѕведа на светскиот фудбал, па дури и го занемарија почетокот на натпреварот.

Целата оваа борба против расизмот тргна после убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец, а од тогаш се повеќе спортисти но и други познати личности почнаа да клекнуваат на колено како знак на поддршка на движењето „Black Lives Matter“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата