Цепелова, која е 108. тенисерка на ВТА – листата, успеа да направи сензација и да стигне до највредната победа во својата досегашна кариера.

Изненадување е и елиминацијата на Ежени Бушар, која загуби со 7:6, 6:4 од квалификантка, Кинеската Дуан Јинг – Јинг. Полјачката Агнешка Радванска лесно излезе на крај со Луси Градецка совладувајки ја со 2:0, а во следното коло мина и Јелена Јанковиќ, но многу тешко, откако во третиот сет со 10:8 во гемови ја победи Русинакта Елена Веснина.

Во машка конкуренција, Енди Мареј со 6:4, 7:6, 6:4 го совлада тенисерот од Казахстан, Михаил Кукушкин, а Жил Симон во три сета беше подобар од Николас Алмагро.