Еден месец пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Грција, анкета спроведена од „Метрон Анализис“ покажа дека главната опозициска партија во земјата Нова Демократија има предност од 7,7 проценти пред владејачката СИРИЗА, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 31,2 отсто од испитаниците ќе гласаат за опозициската Нова демократија, додека 23,5 проценти ќе гласаат за владејачката СИРИЗА.

За Движењето за промени (КИНАЛ) се изјасниле 6,1 отсто од испитаниците, додека според резултатите од анектата 3,8 отсто ќе гласаат за Комунистичката партија, а 3,6 отсто од гласачите би ја дале својата поддршка за десничарската Златна зора.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.203 лица од 3 до 5 јуни, на барање на грчката телевизија „Алфа“.

Предвремените избори во Грција, грчкиот премиер Алексис Ципрас одлучи да бидат одржани на 7 јули, откако неговата партија ги изгуби изборите за европскиот парламент и локалните избори во земјата.

извор: Makfax