Спектакуларната данска манекенка Анин Бинг, која неколку години се забавуваше со шведскиот фудбалски репрезентативец и член на англискиот Саутемптон, Андерс Свенсон, сврте нов лист во животот. Имено, таа дефинитивно ја раскина нивната врска, а според најновите информации, 20- годишната убавица веќе има нова љубов, ни помалку ни повеќе туку прославениот холивудски комичар Џим Кери. Англиските таблоиди се немилосрдни кон Бинг, бидејќи веќе му го проценија богатството на Кери на 150 милиони евра, веројатно, за да ја истакнат причината за новата љубов. Деновиве, во Бирмингем се случи мошне интересна работа, бидејќи градските власти одлучија да ги забранат огромните билборди, на кои Бинг се појавува во еротски пози на тениски терени. Градскиот совет, во своето објаснување на потегот вели дека тоа е поради безбедноста на возачите, затоа што провокативните пози на Бинг можеле да предизвикаат сообраќајни несреќи. Билбордите се дел од новата мегарекламна кампања на италијанската компанија за спортска опрема и облека “Елесе”.