Анелка секс-машина
Напаѓачот на Челзи, Никола Анелка, ја измамувал сегашната сопруга Барбара Тозиа цели четири месеци изминатата година, кога со свадба ја крунисаа својата врска. Скандалозното откритие го направи отфрлената љубовница Натали Меримен пред “Нењс оф тхе њорлд”. Оваа 24-годишна продавачка призна:
– Нико е фантастичен љубовник со неверојатно тело. Ме бомбардираше со есемес со непристојни содржини и имавме секс и по 4 пати во една ноќ. Не знаев дека е верен и се запалив по него. Кога открив дека навистина е женет и дури на денот на нивната свадба ми испраќаше пораки, сфатив дека е еден од многуте фудбалери швалерџии.
Натали раскажува како Французинот ја шокирал со објавување на фотографии на своите гениталии, како ја полудувал со палавиот јазик итн. Таа се запознала со Анелка (28) во еден магазин во Манчестер и преку своите пријатели тој и го побарал телефонскиот број.
– Неколку дена подоцна повторно го посети магазинот и се прошетавме. Францускиот акцент му е многу секси. На прашањето дали има девојка, одговори со не.
Една недела подоцна Анелка минал во напад: – Се сретнавме во неговиот апартман во Салфорд Кејс. Ми направи чај, а подоцна се прегрнавме на каучот. Останав со него цела ноќ, но немавме секс.
По два дена Анелка пак ја поканил кај него: – Гледавме филм, по што се нафрливме еден на друг. Беше нестрплив да ми го покаже своето сексуално искуство, водевме љубов 4 пати за шест часа и си легнавме во 4 часот наутро.
Продолжиле да се среќаваат и имале секс секој ден. Анелка не мислел на ништо друго. Во јуни Натали ја открила вистината.
– Нико замина на одмор. Подоцна една пријателка ми рече да прочитам во весниците, бидејќи се оженил во Мароко. Крвта ми удри во глава. Забележав дека дури и на денот на свадбата, 9 јуни, тој ми пратил порака. Подоцна се обиде да излаже дека свадбата била на неговиот брат.
Пред неколку дена Натали, сепак, му честитала за трансферот на Стемфорд Бриџ, а тој повторно се обидел да ја легне.