Андријана Јаневска отсекогаш важела за голем авантурист и љубител на природата. Па така, пејачката деновиве заедно со сопругот и синот планинарела и го искачила врвот на Скопска Црна Гора. Дека допирот со природата е вистинско уживање за неа потврдила и Андријана, која својата радост ја споделила со Фејсбук пријателите.

Знам дека не е некој планинарски дострел да се искачи врвот на Скопска Црна Гора, но сепак, се радувам на средбата со Рамно. Сум го искачила десетина пати, а последен пат бев таму на 22 август 2011 година, два дена пред да се роди мојот син. Со други зборови, поминале над 2 и пол години. Паузата мора да се прекине”, напишала пејачката на статусот.

Освен уживањето во природа, Андријана е преокупирана и со ангажманот во МОБ, каде што е во редовен работен однос, а тука е и соработката со Фифи, на која пејачката неодамна и подари песна.

(Ј.А.)