Поранешниот генерален секретар на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош Андреј Петров направи паралела помеѓу поранешниот германски канцелар Вили Брант и интервјуто на Заев дадено за БГНЕС.

– Тезата дека бугарите биле администратори и ослободители на Македонија е неточна. И тоа нема врска со Бугарскиот народ. Вили Брант канцеларот на Германија кој доби Нобелова награда клекна на колена пред гетото во Варшава во знак на барање прочка. Не проба да ја смени историјата, коментира Петров