Андреј од ДНК стана маркетинг менаџер! Имено, пејачот кој неодамна дипломираше на Европскиот универзит, деновиве знаењето кое го стекнал за време на студиите ќе го презентира на дело, и тоа во рамки на новиот ангажман кој го има во болницата “Филип Втори”.

Пред Нова година имав чест и можност да се запознаам со кардиохирургот Жан Митрев кој инаку е голем фан на она што го работиме со Панчо. Во неврзан разговор му кажав што имам дипломирано и ми понуди работа кај него во болницата која без размислување ја прифатив веднаш, па така веќе две седмици работам во маркетинг одделението во болницата “Филип Втори”. Морам да истакнам дека сум презадоволен од начинот на кој ме прифатија сите и горд сум што сум дел од еден тим на професионалци кои секој ден одново и одново ме изненадуваат со својата креативност и умешност#, откри Андреј кој и покрај обврските во болницата, музиката нема да ја запостави, туку напротив, и понатаму ќе продолжи да твори и музицира, а наскоро публиката ќе има можност да го види и новото видео кое го снимија за темата “Некој друг”.

Музиката никогаш нема да ја оставам, јас живеам од неа и за неа. Еве, сега на 14 февруари ќе го промовираме новиот спот за уште една песна од актуелниот албум, а во мај ќе организираме голем концерт во Метрополис арената во Скопје затоа што сметаме дека тоа и го должиме на публиката која сите овие години е заедно со нас и не поддржува”, додаде пејачот кој веќе година и нешто ужива и во татковството.