x

Андреј Магдевски од Талин: Тука сме со изменет состав, но нема да се откажеме така лесно!

magdevski-slika

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација веќе неколку денови е во Талин каде полека, но сигурно се аклиматизира за тоа што ја очекува, а ја очекува мечеви со Италија и Естонија. Во пресрет на стартот на натпреварите од квалификациите во Талин за ЕП, Андреј Магдевски, кој би требало да биде стартер, за тоа што може да се очекува од нашата селекција има свој коментар.

Прв пат се соочуваме со ваква ситуација, сигурно не е лесно. Но како за сите, така и за нас. Во Естонија дојдовме во доста изменет состав во однос на претходниот ФИБА прозорец, но нема да се откажеме.Сигурно ќе бидеме потценети од страна на другите репрезентации, и тоа мора да го искористиме на најдобар начин. Имаме кратко време во Естонија да се запознаеме со Вајли. Но убеден сум дека ќе ни помогне. Долго време е во Европа и игра на највисоко ниво, додека за Војдан нема што да се каже. Сите го знаеме неговиот карактер и посветеноста спрема репрезентацијата. За Италија што да се каже? Иако не играат во најсилен состав, никако не смееме да мислиме дека Италијанците немаат квалитет. Напротив, најголем дел од нивните играчи играат во италијанската ЛЕГА А, што значи дека пред нас имаме противник за полн респект. Но и екипа со која можеме да пробаме да извадиме поволен резултат. Естонците добро ги познаваме. Со нив е потребно да играме со многу енергија во одбраната, со паметна игра во нападот… И да не ‘изгориме’ од желба за победа, како што ни се случи во Скопје“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата