Познатиот италијански тенор Андреа Бочели и неговото семејство го поминуваат летото уживајќи на јахта, но исчезнувањето на нивното куче Палина предизвика драма.

-Драги пријатели, овој пат пишувам за да ви побарам малку помош. Палина, нашиот мал италијански сивказ, се изгуби во Сардинија во општината Голфо Аранци. Таа е многу убава и има микрочип. Таа е сама и сигурно е многу исплашена. Тажни сме и загрижени за судбината на ова беспомошно мало суштество. Се надеваме дека ќе добиеме добри вести. Ќе ви бидеме благодарни за вашата помош – напиша Бочели.

Палина била барана со помош на џет-ски и чамци, а спасувачите се приклучиле на пребарувањето, но досега кучето не е пронајдено.