Рекет е пример како функционира системот, особено под СДСМ, затоа што имате полноќни средби на обвинители со адвокати од страна на Зоран Заев, истакна Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во емисијата „Програма 200“ истакна дека во Македонија го имаме Зоран Заев кој предвидува пресуди, кој предвремено ги знае доказите за некои од обвинетите, пред обвинителството воопшто да е известено дека постои предметот „Рекет“ и за тоа обвинителството не ни поркенува никаква постапка.

Зоран Заев предвидува пресуди, тој предвремено ги знае доказите против еден од обвинетите и му кажува, дојди да ги соочиме доказите, пред воопшто обвинителството да е известено дека постои предмет. Па имаме сведочења безброј, во самиот суд а бвинителство не покренува никакви постапки. Затоа гледаме, по допрен глас, казнува се и сешто. Пример како не треба, а како во моментот функционира судско-обвинителскиот систем под спрегата на СДСМ, ви покажува токму случајот „Рекет“, рече Андоновски.

Тој појасни дека токму поради разочараноста од тоа како функционира системот, пред два дена оставки си поднесоа членовите на Советот за граѓанска контрола на прислушувањето, мислејќи на Гордан Калајџиев и Маргарира Цаца Николовска.

Пред два дена се откажаа членовите на Советот за граѓанска контрола на прислушкувањето затоа што и тие се разочарани како не функционира системот. СДСМ покажа како за три години може тотално да ја зароби секоја пора на општественото живеење. Од прислушкување, од договарање пресуди, од договарање предмети,  се под контрола на фамилија на власт, констатираше Андоновски.

Андоновски додаде дека од другата страна ја имаме ВМРО-ДПМНЕ која нуди обнова на Македонија која што по стапувањето на власт ќе овозможи слобода на правно-обвинителскиот систем кој ќе може слободно да се реформира.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на Македонија која што ќе значи дека нема потреба политичарите да се среќаваат со обвинителите. Нема потреба политичарите да се среќаваат со судиите. Не сакаме да знаееме кој судија за кои предмет е одговорен. Сакаме да видиме правда. Не може премиерот да биде раководител на судските реформи. ВМРО-ДПМНЕ по стапувањето на власт ќе овозможи слобода на правно-обвинителскиот ситем за да може да  му дозволи тој да се реформира, истакна Андоновски.