Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, во следните денови треба да објави дека од почетокот на идниот месец Јавното здраство на Англија (ПХЕ) ќе биде укинато и заменето со ново тело специјално дизајнирано да се справи со пандемијата во Англија, објавува британски Мирор.

И покрај тврдењата дека министрите биле незадоволни и фрустрирани од одговорот на ПХЕ во справувањето со кризата со коронавирусот, министерот Ханкок, наводно, ќе објави оваа недела спојување на пандемскиот штаб ПХЕ со системот за тестирање и следење на контакти на Националниот здравствен систем во ново тело наречено Национален институт за здравствена заштита.

Во меѓувреме Велика Британија пријави повеќе од 1.000 нови случаи на коронавирус, веќе петти ден по ред.