x

Англија и Велс си закажаа пријателска на “Вембли“, но без гледачи….

На 8 октомври Англија ќе го одигра својот прв натпревар во 2020 година како домаќин. “Гордиот Албион“ си закажа пријателска со Велс, и тоа на “Вембли“, но овој меч ќе се игра без публика, и тоа поради страшната криза во светот предизвикана од коронавирусот.

Интересно е тоа што Англија од 8 октомври до 14 истиот месец ќе одигра три натпревари. Прво со Велс, па потоа дома на 11 октомври со Белгија и на 14 со Данска, овие два меча се во рамките на Лигата на Нации.

Кога сме кај Лигата на Нации да кажеме дека селекцијата на Англија ова натпреварување го стартува во септември, кога како гостин ќе игра против Исланд и Данска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата