x

Англичани му судат на Силекс, за Шкендија судии од Шведска, на Ренова Португалци

madli

Познати се судиите за сите три натпревари во Лигата на Европа на кои ќе играат нашите екипи.

На мечот Силекс – Дрита ќе судат арбитри од Англија на чело со главниот Андру Мадли. Помошници ќе бидат Хари Ленард и Ник Хоптон.

На дуелот Ботошани – Шкендија, правдата ќе ја делат судии од Шведска. Главен судија ќе биде Мохамед Ал-Хаким. Помошници ќе бидат Фредрик Кливер и Микаел Халин.

Португалски судии ќе ја делат правдата на дуелот Ренова – Хајдук, кој се игра на теренот на ФФМ. Таму главен судија ќе биде Жоао Пињеро. Помошници ќе бидат Педро Рибеиро и Бруго Родригез.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата